Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен

- Нашата држава ќе биде меѓу првите земји во кои ќе се имплементира технологија на „Старлинк“. Третиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“, со што ќе биде многу поконкурентен во однос на услугата, нагласи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешната објава на неговата Фејсбук-страница.
- Надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите држави каде што „Старлинк“ ќе се користи директно. Од она што имам како информација - многу, многу поевтини ќе се од двата постојни оператори - истакна Николоски.
Согласно договорот за концесија, тие требало до месец март да покријат најмалце еден град во државата, а до крајот на годината - да оперираат во цела држава.
- Тие го одбраа градот Скопје - соопшти вицепремиерот и министер за транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
