Македонија
15. November 2026 - 12:50

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година

Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 патници до 2030 година, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што објави на својот фејсбул профил, на двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници, што е значителен раст споредено со 2.400.000 патници во 2024 година.

- Јасно насочените политики кон поддршка кои ги води оваа Влада и новите конекции коишто ги отворивме допринесоа значително да се зголеми бројот на туристи, а со тоа ја подобруваме и локалната економија, наведува Николоски. 

 

МИА