Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.
- Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје, изјави Николоски.
Со новите пет линии и 11-те кои веќе се отворени, како што посочи, само за една година се реализирани 16 нови авиолинии.
- И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром. Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии. Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. Нека е аирлија! - истакнува Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил