Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии, најавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг - летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А, од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и после летото, но, така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови, вели Николоски.
Дополнително, Николоски вели дека целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром, што значи дека заради добрата организација во Скопје, фунционираат и овие два аеродрома.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
