Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата било разговарано за развојните планови на општината и за тековните и идните проекти што се реализираат со владина поддршка.
Николоски посочил дека Владата продолжува со инвестиции во патната и комуналната инфраструктура со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и поттикнување на локалниот економски развој.
Меѓу проектите што се реализираат во Струмица е и изградбата на атмосферски канализациски систем во населеното место Просениково, инвестиција вредна 46,6 милиони денари.
На состанокот било разговарано и за подготовките за реализација на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, кој треба да обезбеди побрзо поврзување со граничниот премин кон Бугарија.
Од Министерството за транспорт наведуваат дека реализацијата на овие проекти е дел од пошироките активности за унапредување на инфраструктурната мрежа и рамномерен регионален развој.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
