Ниската откупна цена на тутунот ќе го намали производството
Моменталната состојба во тутунопроизводството е неодржлива и мора веднаш да се промени, реагираат од петте нови здруженија на тутунопроизводители. Како главен проблем ја посочуваат ниската откупна цена кој не била доволна за покривање ниту за производствените трошоци. Анализите што ги правеле покажале дека за производство на еден килограм тутун биле потребни 217 денари, наспроти просечната цена од 200 по која се предал тутунот оваа година. Проблемите со кои се соочуваат производителите на тутун, се тема и на серијата трибини кои претставниците на ново формираните здруженија ги реализираат во неколку региони низ државата. Целта е пред почетокот на новата реколкта да ги лоцираат проблемите но и да побараат решенија за нив,
Освен ниската цена, за тутунопроизводителите голем проблем претставува и проценката за која сметаат дека е нереална и неправедна.
Тутунарите предупредуваат, доколку не се преземат некои мерки и состојбата не се промени површините со оваа стратешка култура ќе бидат драстично намалени.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар