Македонија
28. September 2015 - 16:50

Премиерот Груевски се обрати на самитот на ООН за одржлив развој

Македонија придонесува кон заедничките цели и ги интегрира принципите за одржлив развој. Преку програмите за социално ранливите категории, децата без родители, младите и привлекувањето на странски инвестриции Владата овозможува намалување на бројот на невработени и подобрување на начинот на живот. Премиерот Груевски во своето обраќање на Самитот на Обединетите Нации за одржлив развој ги презентираше реализираните проекти. Македонија, посочи Груевски, активно придонесува во реализирање на утврдените приоритети по конференцијата во Рио.
 
- За социјално ранливите ги зголемивме социјалните трансфери за над 50%, воведени се и зголемени финансиски надоместоци за ранливи категории, а посебно за децата без родителска грижа, а работодавците ги ослободивме од плаќање на давачки за плата за нивно вработување во период од 5 или повеќе години. Преку странските инвестиции и поддршката на приватниот сектор невработеноста во нашата земја е намалена за над 11%. За вработување на млади лица до 35 годишна возраст, државата ги плаќа придонесите за социјално осигурување и персоналниот данок, истакна македонскиот премиер во своето обраќање.
 
Само со здружени сили може целосно да се остварат целите за одржлив развој посочи од говорницата во зградата на ОН премиерот Груевски. Македонија работи не само на национално и локално ниво, туку и на глобален и регионален план.
 
- Централно-европската иницијатива со која претседава Република Македонија сака да биде активно вклучена во спроведувањето на пост 2015 развојната агенда, а земјите-членки ја искажуваат својата подготвеност за конкретен регионален придонес, за преносот на знаења и размена на најдобрите практики во различни иницијативи за одржлив развој, градење капацитети на јавните институции и подигнувањето на свеста, истакна премиерот Груевски.
 
Груевски информираше за основањето на Национален совет и Национална стратегија за одржлив развој. Тој изрзаи надеж дека Македонија ќе добие поддршка за реализирање на рамката за развој во перидот 2016-2020 година. Груевски посочи и дека земјата одвојува значителни средства за поддршка на младите и достигнување на родовата еднаквост. Буџетот за образование изнесува 6% од БДП, воведени се Кембриџ наставните програми, англиски јазик се изучува од прво одделение, а втор странски јазик од шесто. Обезбеден е компјутер за секое дете а државата се бори за елиминирање на сите форми на насилство против жените и девојките, стопирање на трговијата со бело робје. Владата обезбедува поволности за вработувања на самохраните мајки, продолжување на породилното отсуство и посебните заштити на вработените мајки, како и промовирањето на зголемено учество на жените во политичкиот живот.