Македонија
30. September 2015 - 16:15

Куманово со Струмица станува најфамилијарна општина, нема вработување или тендер без роднина на градоначаниците

Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции. Порталот Нетпрес денеска пишува дека братучеди, кумашини, цели семејства се вработени во општината и локалните институции во Куманово, кои според текстот Дамјановски ги претвори во ДООЕЛ Дамјановски.

Додека Општината Куманово се дави во долгови, општинските претпријатија врзуваат едва крај со крај, а граѓаните се жалат поради неработа и нефункционирањето на локалната власт, нема роднина на Дамјановски и нема близок соработник на Дамјановски чија фамилија не е вработена во локалните институции, пишува Нетпрес.

За способните според информациите во текстот  нема место во општинската администрација, единствен критериум за вработување е партиската книшка на СДСМ роднински и пријателски врски со Дамјановски. Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и СДСМ, пишува нетпрес.

Како што пишува во текстот, општина Куманово се дави во проблеми, граѓаните редовно бараат решавање на со години натрупаните проблеми, а градоначалникот Дамјановски и институциите под општината не превземаат ништо за решавање на проблемите на граѓаните. Во Куманово се погласни се размислувањата дека не може да се очекува општината и локалните институции да ги решаваат проблемите од причина што и општината и локалните институции се претворени приватни компании и места за згрижување на роднините и блиските луѓе на Дамјановски. Сите други граѓани во Куманово за локалната власт се граѓани од втор ред.

Како што велат граѓаните на Куманово, примерите за тоа се огромни.

Сопругата на првиот братучед на Дамјановски е финансовата директорка на ЈП Водовод, нејзиниот сопруг, братучед на Дамјановки е вработен во јавното претпријатие Пазаришта во кое работи и кумашинката на Дамјановски инаку мајка на претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово кој пак работи во општината Куманово. Во Јавното претпријатие Водовод работи братучетката на Дамјановски, братучетка на сопругата на Дамјановски е вработена во градинката Ангел Шајче со што Дамјановски успеал да ја згрижи целата фамилија, пишува Нетпрес.

Во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ се сместени првиот братучед на Дамјановски, кумата на Дамјановски,  како и кумашинот, чија сопруга пак е вработена во основното училиште Толи Зордимус а во економското училиште е вработена ќерката од братучед на Дамјановски. Сопругот на првата братучетка на Дамјановски после директорувањето во јавното претпријатие е оставен таму, сега како советник, пишува нетпрес.

Во општината каде веќе работат синот и ќерката на братучедите на Дамјановски, како архитект и општинска администрација, е вработен и кумашинот поранешниот директор на Водовод, сега во улога на раководител на правниот сектор, а неговата сопруга е секретар во основното училиште 11 Октомври.

Граѓаните на Куманово, како што пишува Нетпрес велат дека ова е само мал дел од примерите за кои може да се говори со часови. Едноставно Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и само неговите најблиски имаат право и на вработувања и на привилегии од општината, а останатите се дават во проблеми и се граѓани од втор ред, пишува во тексто0т објавен на Нетпрес.