Компанија од Богданци извезувала европски производи со лажна декларација „made in macedonia" на рускиот пазар
Јапонски јаболки, карфиол, краставици и сливи од Германија и Холандија со ознака Made in Macedonia се продавале на рускиот пазар. Четири лица забаробија кривична пријава од одделот за организиран криминнал.
Со лажни документи добиени од стопанската комора и без проверка од инспекторот на граничниот премин Ново Село комапнијата Таурус Фармс успеала овошјето и зеленчукот да ги пласира на руски тезги во предиод кога Москава го забрани увозот од земјите членки на ЕУ, како одговор на санкциите од западот.
Извозникот со помош на соизвршителите добил 130 сертификати за потекло. А со ваквиот начин на работа во периодото до Август до Ноември минатата година успеале противправно да заработат над 200 илјади евра.
Двајцата вработени во Стопанската комора ќе одговараат за несовесно работење во службата поради издавањето на сертификатите за потекло, фитосанитарниот инспектор за злоупотреба на службената положба, а вработената во Таурус Фармс за соизвршителство.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
