Македонија
13. October 2015 - 19:57

Мајчиното млеко е незаменливо во исхраната на новороденчињата

Мајките треба да дојат ако сакаат децата  правилно да растат и да се развиваат. Педијатрите со цврст став дека мајчиното млеко е незаменливо во исхраната на новороденчињата. Иако во последно време жените се почесто се одлучуваат за вештачки формули, лекарите предупредуваат дека родителите треба да размислат за здравјето на детето.

-Одлуката не може да ја влијаеме врз родителите и мајките, но може да заклучиме дека тоа не само што е незаменливо туку ги содржи и најдобрите работи кои се потребни за правилен раст и развој на детето, изјави д-р Аспазија Софијанова, дир. на Клиниката за детски болести.

Не само за бебињата, исхраната е важна и во лекувањето на болните деца. Познат нутриционист со децениско искуство во Швајцарија ќе го споделува искуството со персоналот на Детската клиника како најдобро да се хранат малите пациенти хоспитализирани на педијатрија.