Истражување: Месните заедници треба да се стават во законот и да си го вратат правниот статус
Месните заедници повторно да се вратат во законот и да го добијат назад правниот статус. Тие според законот за локална самоуправа и статутите на општините постојат, но истите не секаде се функционални. До ваков заклучок дошле од институтот за истражување Импакт по спроведената анализа за граѓанското учество во креирањето политики и донесување одлуки на локално ниво во Југоисточниот регион. Порано месните заедници управувале и со одредени земјишни површини кои можеле да ги даваат под концесија, а средствата потоа да ги вложуваат во локални потреби. Со губењето на статусот на правни лица и нивното влијание е намалено, стои во анализата на Импакт.
- Особено во селата, особено оние населени места кои не се толку блиску до општината и неможат туку така да пристапат до општината, таму мислам дека е клучно. Затоа што проблемите тие најдиректно знаат кои се и најдиректно знаат како треба да се адресираат, како да се решат тие проблеми, вели Д-р Елена Ставревска од Импакт
За граѓаните, посебно за жителите на руралните средини месните заедници се основната клетка на граѓанското живеење.
- Граѓаните најдобро знаат кои се нивните проблеми, како треба да ги решаваат и со помош на локалната самоуправа тоа сигурно дека можат успешно да го направат, вели Геоге Манушев од општина Босилово
- Месните заедници се основната клетка на граѓанското живеење. Што побрзо се вратат месните заедници во статутите на општините и во законот за локална самоуправа мислам дека граѓанскиот сектор ќе профункционира уште подобро во наредниот период, вели Зоран Ѓоргиев од општина Конче
Меѓу другото истражувањето спроведено преку деск анализа и фокус групи во десетте општини од Југоистокот укжало дека дека најефикасен начин на граѓаните во креирањето локални политики е преку директна комуникација.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
