Македонија
18. October 2015 - 16:36

Груевски: Нов студентски дом и нов мебел за сите домови за студенти

Со нов мебел комплетно ќе се опремат сите студентски домови, најави премиерот Никола Груевски. Владата донесе одлука за повеќегодишна набавка на потребниот инвентар во сите домови за студенти.

- Се она што е плакари, кревети, маси, столици итн., се она што е мебел во еден студенски дом, во неколку години, во две до три години во фази целосно ќе биде заменет во сите студентски домови со комплетно нов мебел, изјави во интервју за Канал5 Премиерот Никола Груевски.

Премиерот  истакна дека активно се работи за изнаоѓање локација за нов студентски дом, чија изградба беше најавена минатиот викенд. 

-Како што и најавив неодамна Заменик-министерот за образование и министерот за образование веќе имаат изнајдено неколку локации во Скопје и треба да направат евалуација да видат која од нив е најсоодветна од сите гледни точки. Очекувам во текот на следната недела да ја имаме конечната локација каде што ќе се гради нов студенски дом во Скопје.

Груевски додаде дека во тек е реновирањето на  студентскиот дом „Гоце Делчев“, а претходно значително беа подобрени условите и во домот за студенти во Гази Баба, каде беше изграден и нов дел во состав на тој дом.