Еден од познајчајните турски политичари потекнувал од Прилеп
Прилепчанецот Али Фетхи Окјар бил два пати премиер на Турција, претседател на турското собрание, 5 мандати пратеник во истиот парламент, министер за внатрешни работи, министер за правда, а бил и амбасадор на Република Турција во Бугарија, Франција и Англија. Практично Окјар е човекот кој бил десна рака на таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк и еден од луѓето во кого тој имал најголема доверба.
- Ова е импресивната биографија на една личност со кого нашата историја многу малку се има занимавано и многу малку се знае за него. Тој е роден во Прилеп на 29.04.1880 година, а со Ататурк се запознаваат на военото гимназија во Битола, од каде започнува нивниот заеднички животен пат.
Според историчарот Рубин Белчески, кој собрал повеќе податоци за Окјар на почетокот од нивната државничка кариера Окујар има повисока функција од Ататурк.
„Тој во 1913 година е амбасадор на Турција во Бугарија, а Кемал Ататурк му е воено аташе. Значи во тој период е на едно пониско ниво“, вели Белчески.
По сугестија на Ататурк во 1930 формира своја партија за да го намали влијанието на опозицијата. И за брзо време постигнал поголема популарност од онаа на Ататурк
„Партија која што поради популарноста набрзо и самиот ја укинува бидејќи можело да дојде до намалување на популарноста на Мустафа Кемал Ататурк“, истакнува историчарот Белчески.
Токму поради овој значаен лик Белчески предлага воспоставување поголема соработка помеѓу Прилеп и Турција.
„Потребно е да имаме поголема соработка со Турција на тој план, во смисла на тоа што некои потенцираат зошто ако Биитола има спомен соба на Ататурк, ние во Прилеп да немаме спомен соба на Али Фетхи Окјар“, нагласува Белчески.
Али Фетхи Окјар починал на 7 мај, 1943 година во Истанбул.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
