Бизнис
16. May 2018 - 19:41

Поголема соработка на компаниите од Македонија и Чешка

Зачленување и вклучување на прилепските компании во електронската база на податоци на компаниите од Чешка за подобра соработка и поголема трговска размена во идинина. Ова беше еден од главните предлози за кој се разговараше на средбата помеѓу чешкиот амбасадор, Мирослав Томан, и претставниците на Регионалната стопанска комора од Прилеп. Системот би овозможил зголемување на би то би средбите на компаниите.

„Тоа е еден информациски систем во нивната земја каде сите компании можат да бидат претставени и да бидат достапни за компаниите од чешкиот пазар кои се интересираат за соодветните компании од Македонијa“, изјави Горан Попоски, извршен директор на Регионална стопанска комора.

Инаку трговската размена за 2017 година помеѓу Македонија била околу 178 милиони долари, од кои 117 милиони се увоз, а извоз само 61 милион. „Денес разговаравме со претставници од текстилната индустрија тука и мислам дека на тоа поле би можело да најдеме добри проекти и да имаме некаква соработка. Друга можност би можела да биде и македонскиот мермер. Денеска слушнав дека имало соработка помеѓу македонските фирми за мермер и градбата на чешкото метро“, вели Мирослав Томан, амбасадор на Чешка во Македонија

За 2017 година Чешка била на 23-то место како трговски партнер на Македонија.