Македонија
7. July 2018 - 18:23

Втор светски напревар во летање дронови во Прилеп

Во Прилеп по втор пат се одржа Светскиот куп во трки со дронови на стадионот кај Паркот на револуцијата. Ова е еден прилично нов спорт, стар само неколку години, кој екстремно брзо се развива во Европа и на Балканот. Денес во Прилеп имаше учесници од 4 држави кои ги летаа дроновите. Натпреварувачите гии летаат дроновите со помош на наочари кои се поврзани со камерата на самиот дрон, а целтa е на најбрз можен начин да се поминат сите препреки на патеката.

„Ова е еден модерен спорт кој што се развива многу брзо особено во последните 3 години. Веќе се вршат и телевизииски преноси за овој вид на спорт. Се очекува ова да биде идната „Формула 1“ помеѓу виртуелната реланост и реалната виртуелност“, вели Сотир Лазарков, претседател на ФАИ жирито на Светскиот куп за летање со дронови во Прилеп.

Учесниците велат дека овој спорт станува се поатрактивен кај младите во регионот.

„Летам дронови затоа што тоа е популарно и модерно. Тоа е еден од најдобрите адреналински спортови. Вложуваме многу труд, тренираме напорно секој ден. Прво и основно  што треба да се купи е оваа радиостаница со која се вежба исто како на комјутер, како на симулатор“, кажа Александар Стојановиќ, учесник од Србија.

„Се занимавам со ова хоби веќе 2 години, ми се допаѓа бидејќи носи многу адреналин. Интересно е самото конструирање затоа што сам си ги конструираш овие дронови, интересен е целиот процес на нивно создавање, а потоа и летање“, рече Златко Радев, учесник од Бугарија.

Организатори на овој Светки куп се Воздухопловната федерација на Македонија и Воздухпловниот клуб „Фил – Феникс“ од Прилеп.

„Ги збогативме воздухопловните спортови во Македонија со уште една нова воздухопловна дисциплина. Дроновите се специфични, тие се збир на најнапредната електроника, механика, тие се воздухопловии кои го променија знаењето за аеродинамиката“, изјави Здравко Тодороски, организатор на настанот.

Натпреварите во трки со дронови продолжуваат и утре.