Бизнис
24. July 2018 - 19:45

Земјоделците од прилепскиот регион со огромни штети од вчерашното невреме

Општинската комисија за проценка на штетите во Општина Могила заврши со проценката на терен. Ги посетија четирите села кои беа најпогодени од невремето кое го зафати регионот на почетокот на јули. Од невремето најпогодено беше селото Долно Српци од каде има најмногу барања, а големи штети претрпеа и земјоделците од Вашарејца, Беранци и Ивањевци. До комисијата беа поднесени вкупно 160 пријави, од кои најмногу се за тутунот, а според првичната проценка на комисијата, штетите изнесуваат од 70-80%.

Откако заврши теренската работа, комисијата продолжува со административните работи, односно правење елаборати за да се направи првичната проценка колкаво ќе биде обештетувањето. Се пресметува површината, колку приход се очекува, колкав е процентот на штета, колку било вложено и слично. Првичната проценка ќе се знае отприлика за 6-7 работни дена, вели претседателот на Советот на Општина Могила, Александар Јанкуловски.

Во рок од еден месец, земјоделските посеви во Општина Могила два пати беа погодени од невреме. Првиот пат настрадаа селата Радобор и Могила, за што се поднесени 188 барања.

Од двете невремиња, во шесте могилски села направена е штета на околу 300 хектари површина земјоделско земјиште.