Бизнис
24. September 2018 - 19:40

Бизнис секторот ќе вложува во училиштата за да ги задржи младите во земјава

Младите масовно се иселуваат од Македонија, а поради оваа состојба фирмите се повеќе се соочуваат со недостигот на работна сила. Дел од компаниите сметаат дека соработката со образовниот систем е еден од начините младите да се задржат дома. „Филип Морис“ инвестираше 80.000 долари во опремување на неколку училници во средното општинско училииште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп со цел добивање на едуциран млад кадар, потребен на пазарот на труд, како за нив така и за другите домашни компании.

„Со оваа иинвестиција за опремување на училници за практична настава ние го поддржуваме и развојот на младиот кадар кој е неопходен како за Тутунски Комбинат Прилеп така и за останатите компании ширум бизнис заедницата во општина Прилеп“, рече Михаил Солтер, генерален менаџер на „Филип Морис – ТКП“.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека ова било иднината на Македонија и ги повика и другите фирми да го следат овој пример.

„Кадарот кој што се едуцира во Македонија да го направиме посоодветен на економијата, односно на потребите на компаниите. А тоа ќе биде направено преку т.н. дуално образование, практиичната настава која што ја промовиравме, преквалификацијата, што исто така ја промовиравме“, истакна Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Директорката на училиштето истакна дека со ваквиот вид на практична настава учениците се стекнувале со потребното знаење за да најдат работа.

„Со што учениците ќе се оспособат веќе да можат после завршувањето ан училиштето да се вклучат активно на пазарот на трудот“, изјави Билјана Трајкоска, дииректор на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

Но ова е само еден од чекорите за стопирање на иселувањето. За најголемиот проблем пак ниските плати засега никој нема слух, нииту пак решение.