Климатските промени го намалија производството на мед
Производството на мед во Македонија во последните 3 години е неколку кратно намалено. Ако порано просек од едно пчелно семејство годишно се ваделе од 10 до 20 килограми на мед, од пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп велат дека сега тој просек бил паднат на само 2 килограми. Најголем виновник за ова биле климатски промени.
„Со приноси сме многу слаби, особено планинскиот мед па ии да го нема оваа годиина. Нешто во ливадите дадоа, меѓутоа многу слабо за да се каже дека е добро, далеку под просекот“, рече Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.
„Пред 10-15 години сум имал просек 20-30 килограми, сега во последно време повеќе од 10 килограми не можеме да надминиме. Лани беше суша, оваа година многу дождови, го миеше цветот и пчелите не можеа да го соберат тоа што треба да го соберат“, кажа Ацо Спиркоски, пчелар од Прилеп.
Освен намалувањето на производството на мед, поради климатските промени рапидидно опаѓал и бројот на пчелни семејства коии угинувале порадии болести. Пчеларите бараат итно превземање на некакави мерки од страна на државата како помош за нив оваа ситуација, затоа што нивниот профит сега бил далеку помал.
„Пред две три години беше подобро, имаше развој на пчелите, сега нема развој, 3 години нема развој. Не се развиваат пчелите, губат и не напредуваат, тука е проблемот, нема напредок“, кажа Стојо Ушкоски, пчелар од Прилеп.
„Наназад еве 3-4 години се стагнира, нема напредок. Ако човек остани само со производство на пчели, да опстани не може. Порано други беа условите, а и климата одговараше“, рече Дано Даркоски, пчелар од с. Витолиште.
Освен со намаленото производство пчеларите се соочувале и со намалениот пласман на домашнито пазар, затоа што Македонците биле скоро на дното во Европа по конзумација на плелните производи.
„ Имаме податоци, околу половина килограм годишно по жител во просек во Македонија се троши. Јас лично најдов податоци за поразвиените земји, дури и по 10 или 15 килограми годишно по жител трошат“,вели Звонко Петроски, секретар на здружениеито „Братство“ од Прилеп.
Инаку во Прилеп по 9-ти пат се одржува манифестација Фестивал на медот на кој во наредните 4 дена учество ќе земат пчелари од Прилеп и Македонија на околу 20-тина штандови.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
