Обвинителите на Јанева дадоа заклетва
Спој на младост и искуство – гледа во фотографијата од својот тим специјалната обвинителка Јанева. Сите 12 ветија дека ќе работат согласно уставот и законите и дека ќе ги почитуваат човековите и правата на граѓанинот.
Ставија потпис на двата примероци изјава спакувана во розева папка и ветија дека од понеделник ќе започнат со работа.
Парите кои и ги одобри собранието Јанева наскоро очекува да легната на нејзината сметка, а наскоро се надева дека ќе ги добие и клучевите и просториите наменети за специјалното обвинителство. Таа го состави тимот кој го потврди советот, а сега тие имаат задача сами да ги пронајдат своите помошници.
По двајца истражители и двајца стручни соработници ќе има секој член на тимот на Јанева. Таа се надева дека и останатите двајца колеги ќе му се придружат на тимот.
Храброста не ја напушта специјалната обвинителка. Јанева се надева дека и од денеска ќе работи исто како и до сега без притисоци и закани.
Јанева немаше порака до Зврлевски и денека го поздрави и порача дека го почитува. За неговата најава дека уставниот суд ќе одлучува за законот за специјалното обнвинителство Јанева ќе ја чека одлуката на судот.
Не е нејзина работа да ги коментира одлуките на уставните судии. Очекува тие да си ги почитуваат своите закони. Јанева одби да ја коментира одлуката на кривичниот совет на скопскиот кривичен суд дека аудио снимките не можат да бидат доказ во судската постапка.
Засега нејзиното обвинителство нема да има портпарол, вети дека лично таа ќе ја информа јавноста за секоја постапка на тимот кој застана зад неа.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
