Македонија
25. November 2018 - 18:01

Г. Јаков - eпископ Полјански е новиот владика во редовите на МПЦ

Г. Јаков – епископ Полјански е новиот владика во редовите на МПЦ. Новиот владика кој во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички Наум официјално беше хиротонисан во манастирот Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча. Во присуство на голем број верници и гости поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот отслужи и Божествена литургија за време на која се изврши и ракополагањето од страна на епископите врз новиот владика.

Поглаварот на МПЦ г.г Стефан на новиот владика му порача достојно да ги исполнува новите задолженија, а пред се постојано да го проповеда светото евангелие.

Одлуката за назначување на новиот владика беше донесена од страна на синодот на МПЦ на 29 септември . Именувањето започна вчера  во црквата Свети 15 Тивериоиполски Свештеномаченици во Струмица со одржувањето на чинот на наречение на кој и официјално беше прочинатана синодската одлука. Новиот владика епископот Полјански Јаков е роден во Куманово 1983 година. Како искушеник во Струмица доаѓа во 2004 година, а следната веќе е замонашен. Последните осум години беше старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село.