Македонија
4. December 2018 - 23:00

Завршија археолошките истражувања во струмичко

Неолитската населба на локалитетот Орниче во селото Костурино кај Струмица е најстарата населба од средниот неолит во Југоисточна Македонија и една од најстарите во државата. Ваквите сознанија ги потврдија и последните истражувања и наодите добиени од објектот кој е датиран од пред 7500 години. Покрај објектот кој бил живеалиште пронајдени се и голем број движни наоди  и неколку култни предмети меѓу кои и редок примерок на жртвеник.

,, Најдовме и некои објекти кои што се култни внатре, значи каде што се одржувале одредени религиски култни активности на населението кои што укажуваат на тоа дека оваа земјоделско сточарска заедница практично е една од поинтересните во Република Македонија. Она што е битно да се каже е дека за сега прелиминарните резултати зборуваат дека овој локалитет е поврзан со течението на реката Струма.,, вели Зоран Рујак - археолог  

,, Оваа година преку министерството за култура работевме на два локалитета, овој Орниче кај селото Костурино и другиот е римската терма во Банско.,, вели Ацо Манински - директор на Завод и музеј Струмица. 

Од општина Струмица велат овие проекти се многу значајни не само во делот на историјата туку и за развој на културниот туризам.

,, Се повеќе се зацврстуваат темелите за развој на туризмот, а посебно културниот туризам чии бенефити нашите граѓани и стопанственици треба да ги очекуваат во блиска иднина.,, рече Јосиф Христов - општина Струмица 

Од  општината најавија дека веќе следната година ќе започне реализацијата на проектот за ре конзервација, реконструкција и реставрација на локалитетот Цареви Кули за кој е обезбедена донација од еден милион евра.