Бизнис
7. December 2018 - 19:59

Минималната плата да не расте со закон туку како резултат на растот на економијата

Македонската економија во моментов нема да може да издржи ново покачување на минималната плата или пак доколку се случи тоа покачувањето би било минимално. Ова го покажала студијата на Finance think, според која покачувањето на платата мора да оди заедно со зголемувањето на економскиот раст, a не со законски мерки на Владата, во спротивно би дошло до затворање на работните места. Исто така било евидентирано дека покачувањето на минималната плата донесло и кршење на работничките права.

„На работниците им било побарано да вратат дел од платата во кеш, не им биле платени согласно законот деновите од одморот или прекувремените работни часови“, рече Марјан Петрески, универзитетски професор.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека досега никој лично не им се обратил работничките права се кршеле на ваков начин.

„Слушаме отсекаде дека не се исплаќа миинималнмата плата, дека некои работници враќаат пари итн. Но но тоа не можам да го потврдам“, вели Љубица Дековска, ССМ.

Исто така со минималната плата не била регулирана 1/3 од работната сила во Македонија која спаѓала во неформалниот сектор. Се правеле напори да се намали овој дел од сивата економија.

„Тука со последните измени на законот интервенира Владата давајќи олеснувања на компаниите пред се на оние коии работат со загуби, за да им овозможат оние работници кои примаат плата под минималецот да го достигнат тоа минимално ниво“, изјави Димитар Николоски, универзитетски професор.

Предизвиците околу минималната плата денеска беа презентирани пред прилепските стопанственици