Македонија
20. December 2018 - 16:59

Казни за користење пиротехника за Нова Година

Празниците да се прославуваат на друг начин, а не со пиротехника, апелираат од полицијата.  Неовластената продажба и  употребата  на пиротехнички средства е казнива со закон. Во зависност од прекршокот  неовластените продавачи, но и граѓаните кои со употреба на петарди или друг вид  пиротехника го нарушуваат јавниот ред и мир може да се соочат со казни од 200 до 500 евра.  Употребата на пиротехнички средства може да предизвика и сериозни последици по здравјето.  Светската статискика вели дека на годишно ниво над 150.000 луѓе  остануваат инвалиди поради употреба на петарди. 80% од нив се деца. Со цел подигање на свеста за опасноста од употребата на пиротехника струмичката полиција започна и со серија едукативни предавања.

Од полицијата потенцираат дека палење ракети, подготовка на огномет за семејни и слични прослави мора да се пријави во МВР најдоцна два дена пред почетокот на настанот. Од таму апелираат до сите граѓани за соработка и доколклу забележат тезги, продавници или магацини кои продаваат пиротехнички материјали или пак истите неовластено се употребуваат на пријават на 192.