Во општина Струмица едукација за побезбедни учесници во сообраќајот
Бидете видливи, на тој начин ќе бидете многу побезбедни учесници во сообраќајот, ова им го порачува струмичката полиција на пешаците. Преку едукативни акции отсекот за превенција ги едуцира граѓаните како во зимскиот период кога денот е значително пократок, а видливоста намалена побезбедно да учествуваат во сообраќајот. Акцијата е наменета за сите пешаци, но од полицијата велат дека акцентот е ставен на повозрасните граѓани кои многу почесто се жртви на сообраќајни несреќи. Статистиката вели дека само во последните месец и половина 13 пешаци биле повредени во такви несреќи.
- Целта на оваа превентивна активност е да поделиме флуоресцентни елеци и летоци на пешаците се со цел да ја подигнеме свеста кај истите имајќи во предвид дека во овие временски услови, посебно временски услови кога денот е намален, имаме магла, дождови , непрегледноста на сите учесници во сообраќајот е намалена и видливоста нормално, ние сакаме да ја поттикнеме свеста да бидат видливи, односно да апелираме до нив да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, да облекуваат посветла облека се со цел да бидат видливи посебно во услови кога видливоста е намалена.
Едукативните акции за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот , отсекот за превенција при СВР Струмица ги реализира во координација на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и во партнерство со центарот за возила од Струмица.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
