Комисија за заразни болести: Нема вакцинирање само со потврда од детска клиника
Со потврди од матични доктори дека може да има контраиндикации од МРП вакцината родители се правдале дека детето треба да го примат во градинка. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на категорично било одлучено дека вакви медицински белешки важат само од стручнен тим од Клиниката за детски болести.
-Неможе секој доктор кој се бави со медицина да одреди дали детето може да има контраиндикации, тоа можат да го одредат само строго професионалци од Клиниката, изјави прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ и член на Комисијата за заразни болести.
Мерката на здравствените власти без примена вакцина децата да не се пуштаат во градинка останува на сила додека трае епидемијата на морбили во Скопје. Дефинитивно второто полугодие ќе почне од понеделник, зошто нема заразено училишни деца.
Комисијата донела одлука и за задолжителна вакцинација со МРП и за здравствените работници кои работат со деца.
-Затоа што тие се вклучени во процесот на лекување на тие дека и постоиу опасност од ширење на вирусот, додаде д-р Караџовски.
Во меѓувреме се зголемува бројот на новозаболени од морбили. За еден месец во главниот град регистрирани се 58 случаи со мали сипаници. 30 од нив се на лекување на Инфективна, нема животозагрозувачки пациенти, но 4 лица имаат потешко воспаление на белите дробови.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
