Македонија
27. January 2019 - 16:54

Експлозија на плинска боца причина за пожарот во Гевгелија во кој загина едно лице

Плинска боца го предизвикала пожарот кој настана вчера попладне во продавница во Гевгелија во кој едно лице загина,  а неколку беа повредени, ова се првичните сознанија од истрагата кои ги соопшти полицијата. Боцата во продавницата за железо ја донел 30 годишен гевгеличанец со намера на истата да биде монтиран горилник.  За  сега нема повеќе детали како дошло до несреќата. Од јавното обвинителство информираа дека вештачењето во вакви случаи трае подолго и додека не бидат готови извештаите и добиени сите релевантни докази не се во можност да соопштат никакви информации. Во пожарот кој избувна вчера околу  16 часот животот го загуби 40 годишен гевгеличанец кој бил вработен во продавницата, а уште шест лица на возраст од 29 до 46 години беа повредени.  Починатиот маж во болница бил донесен без знаци на живот.

Во болницата во Гевгелија синоќа биле примени уште две лица кои се здобиле со полесни повреди. Од превентивни причини кратко биле задржани на одделението за хирургија, но нивната состојба е добра и тие веќе се пратени на домашно лекување.