Македонија
27. January 2019 - 17:44

Расте свеста кај граѓаните за своите уставни права

Граѓаните од југоистокот се повеќе стануваат свесни за нивните уставни и законски права. Годишниот извештај на подрачната канцеларија на народниот правобранител во Струмица покажува дека голем е бројот на лицата кои сметаат дека нивните права биле повредени и одлучиле да побараат поддршка за остварување на истите. Преку 1000 граѓани Минатата година ја посетиле канцеларијата на заменикот народен  правобранител и побарале правен совет поради повреда на некое нивно право, а околу 160 од нив поднеле и претставки. Областите во кои граѓаните се жалат се различни, но најголемиот број претставки се однесува на правосудството.

- Претставки конкретно поднесени против одолговлекување на постапката пред управниот суд, пред извршители, нотари и пред другите редовни судови во Република Македонија. Понатаму на второ место сега е бројот на поднесени претставки за потрошувачки права, финансии и царина, социјална сигурност и имотно правни односи. Имотно правни односи веднаш ќе појаснам дека се однесуваат на постапките за одземање на корисничкото право од страна на агенцијата за катастар на недвижности.

Најголемиот број од претставките кои биле поднесени минатата година до подрачната канцеларија или околу 95% се успешно решени во корист на граѓаните,. По останатите 5% постапката се уште тече.Повеќето  од граѓаните кои лани побарале помош  од народниот правобранител или поднеле претставка се од Струмица, потоа следуваат  гевгеличани , а по нив жителите од  Радовиш, Берово и Пехчево.