Македонија
1. February 2019 - 16:55

Расте бројот на илегални мигранти, тројно зголемен и бројот на обиди за криумчарење на мигранти

Обидите за нелегален премин на јужната граница во пораст. Полициската статистика за 2018 година  бележи повеќекратно зголемување во однос на претходната 2017.  Македонските погранични служби лани  спречиле 14.943 лица кои се обиделе илегално да ја поминат границата со Грција што е за околу 3,5 пати повеќе во однос на 2017 кога за цела година се регистрирани околу 4100 такви обиди.  Тројно зголемување има и кај обидите за криумчарење мигранти. Полицијата лани открила 58 такви случаи во кои имало обид да бидат прокриумчарени близу 900 мигранти за разлика од претходната година кога биле откриени 19 случаи во кои предмет на криумчарење биле мигранти.

Според структурата, најголемиот број од мигрантите кои се обидуваат преку таканаречената балканска мигрантска рута да стасааат до западно европските земји најголемиот број или  62,7% се по потекло од Пакистан, 13,2% доаѓаат од Авганистан, 5,7% од Ирак, 5,5% од Бангладеш, 3,6% од Иран, 3,1% од Сирија .

Од полицијата информираат дека во текот на минатата година против 63 лица се преземени мерки на кривичен прогон. Тие се товарат дека сториле 44 кривични дела криумчарење мигранти. Најголемиот дел од сторителит се македонски државјани, но има пријавено и странци.