Струмичкиот парк опремен со „паметно“ лед-осветлување
Струмичкиот парк е првиот во Македонија кој доби паметно осветлување. Околу стотина стари канделабри се заменети со нови лед осветлувачки тела со сензори кои го менуваат интензитетот на светлината во зависност од периодот на денот и фрекфенцијата во паркот. Новотото осветлување е почеток на реализацијата на проектот смарт сити. Се работи за концепт кој значи ефикасно извршување на сите обврски на општината со помош на технологија. Концептот има повеќе нивоа на имплементација, а по осветлувањето кое е прва фаза следува менаџмент со отпадот.
,, Овозможува зголемена сигурност и она што е можеби сто така важно, со поинтензивно, поубаво, поурбано осветлување на некој начин произведуваме и големи заштеди во трошењето на електричната енергија. Тоа е една од заложбите за наредниот период, такви модерни решавања на осветлувањата и подобрувањата на нашиот град во смисол на по урбан изглед ќе има и во други сегменти од градот.,, вели КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Вкупната инвестиција на оваа прва фаза од проектот изнесува околу 4 милиони и 800 000 денари.Од општината најавуваат дека наскоро паметно осветлување ќе биде поставено и на уште неколку други локации во градот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
