Македонија
9. February 2019 - 16:17

Филипче негира дека новиот клинички ќе биде јавно-приватно партнерство

Новиот Клинички Центар во Ѓорче Петров ќе биде државен и нема да се гради со јавно приватно партнерство категоричен е министерот за здравство.

Филипче изјави дека разговарале со фирми од Австрија и Германија кои понудиле пакети од готов проект и градба, но сегашниот закон за јавни набавки не дозволува вакви пакети да учествуваат на тендер, туку секоја постапка поединечно.

Ако се најде законско решение за пакетот, Филипче се надева Новиот Клинички под обиколницата накај Тетово во местото викано Веле Поле да биде изграден за 4 години.

Новиот Клинички во Ѓорче ќе чини околу 480 милиони евра, планирано е да се простира на површина од 90 хектари.

Во меѓувреме изградбата на Клиничката болница во Штип е пролонгирана за 1 година зошто инвеститорот грчка компанија го раскинала договорот со штипската фирма подизведувач.