Македонија
17. February 2019 - 16:40

Струмичките пожарникари презафатени со гасење пожари од стрништа и сува трева

Зачестени контроли со дежурства на терен и ригорозни казни најавуваат надлежните за палењето оган на отворено. Со покачувањето на температурите оваа појава стана секојдневие во струмилкиот регион, а поради невниманието на несовесните граѓани честопати палењето на сувата трева и стрништата  преминува во пожари кои ја кочат работата на пожарникарите,  но ја  загрозуваат и безбедноста. Од противпожарната единица велат бројот на вакви случаи секој ден расте, се случува во еден ден да имаат и по десетина такви  интервеции за кои се ангажираат сите ресурси . Апелираат до граѓаните да бидат совесни и да не го прават тоа бидејќи на овој начин несвесно ја блокираат работата на единицата.

,, Се ангажираат средства и луѓе кои се потребни доколку имаме пожари во објекти куќи и станови каде што може да има загрозено човечки животи. Излегуваме секојдневно на повеќе локации. Со тоа ни се зголемува времето на пристигнување доколку имаме дојава на пожар на објект.,, вели АЛЕКСАНДАР ГУДЕВ – КОМАНДИР НА ТППЕ СТРУМИЦА

Од дирекцијата за заштита и спасување ги потсетуваат граѓаните дека палење на оган на отворен простор е забрането и казниво со закон. Најавуваа засилени контроли казни за потпалувачите кои достигнуваат до 5000 евра.

,, Доколку се фати лицето кое што потпалува или кое што врши горење и имаме појава на пожар на отворен простор, независно дали е намерно или не намерно според законот ќе ги подмири сите трошоци кои што се настанати со гасењето, т.е. трошоците на територијалната противпожарна единица, но исто така имаме и глоби  од 500 до 5000 евра.,, вели МИТКО ДИМЧЕВ – ИНСПЕКТОР ВО ДЗС

Од ДЗС потсетуваат , Доколу запалениот оган на отворено биде причина да се загрози  човечки животи или пак објекти лицето кое го предизвикало истиот може да  одговара и кривично.