Македонија
23. February 2019 - 16:28

Семејните лекари главни во алката за третман на лицата со попреченост

Лицата со попреченост заслужуваат да имаат исти права и иста здравствена грижа како и сите други граѓани. Првиот контакт со здравствениот систем како на лицата со попреченост така и на останатите граѓани се семејните лекари.  Од центарот за семејна медицина вели дека токму семејните лекари го имаат холистичкиот пристап во решавањето на проблемите на сите граѓани, а посебно на лицата со попреченост. Од тие причини потребно е континуирано јакнење на капацитетите  на здравствените работници.   Таква беше и целта на работилницата која се одржа во Струмица.

,, Се надеваме дека со оваа работилница ќе ги стекнат тие вештини и знаења кои ќе им помогнат за уште подобро и поуспешно да можат да им помогнат на лицата со попреченост да бидат нивни адвокати во здравствениот систем.,, вели

Националниот  координатор -  претседавач со националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на ОН за правта на лицата со попреченост потенцираше дека дискриминацијата на лицата со попреченост во пристапот до здравствените услуги  се смета за највисок тип на дискриминација. ПРОФЕСОР ДОКТОР КАТЕРИНА СТАВРИЌ – ЦЕНТАР ЗА СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА ПРИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ

,, Здравството ги нуди дијагнозите, меѓутоа лицата со попреченост не бараат милосрдие , бараат гледање од аспект на функционалност, од аспект на рамноправност кон сите права.,, вели СПАСЕ ДОДЕВСКИ – СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ

Обуката на која присуствуваа здравствени работници од примарната заштита се одржа во рамки на проектот финансиран од фондот на партнерство на ОН за правата на лицата со попреченост. Истата беше реализирана преку центарот за семејна медицина и здруженијата Хера.