Нема нови заразени со бактеријата МРСА
Нема нови случаи со МРСА. Досегашните анализи на земените примероци од градинката и училиштето во Чаир се негативни, но не се испитани сите брисеви, информираа од ИЈЗ.
По информацијата дека бактеријата е најдена кај 4 деца, епидемиолозите смируваа дека нема простор за паника. Според лекарите МРСАТА не била смртоносно заболување туку инфекција која може да предизвика компликации кај новороденчињата и лицата со слаб имунитет.
-Бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе за отежнато и подолготрајно лекување. Оваа бактерија, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација, изјави прим. Д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.
Епидемиологот Караџовски потенцираше дека иако станува збор за бактерија отпорна на повеќе антибиотици, во земјава има терапија со која се лекува МРСА-та.
Бактеријата од видот Стафилококус најчесто ја има во носот, грлото и на рацете, а најдобра превенција е редовната хигиена.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
