Македонија
26. November 2019 - 17:06

Франција бара промена во методологијата, но и Закон за обвинителство и видливи реформи веќе во јануари

Франција го поддржува интегрирањето на западен Балкан во Европската унија, a новата методологија значи државите кандидатки поподготвени да влезет во европското семејство.

Но имаме и конректни барања за Македонија, како што е на пример законот за јавно обвинителство, а напредок во реформите што очекуваме да го видиме уште во јануари. Францускиот амбсадор Христијан Тимоние ја претстави новата методологија со Унијата пред националиот совет за евроинтеграции во парламентот.

Но, и покрај ваквитер намери искажани од Тимоние, пратеничката на СДСМ Ивана Туфегиќ пак, вели дека ваквиот променет пристап создава евроскептицизам.

Претседателот на националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски пак, бара ревидирање на пристапот на кој Македонија ги води преговорите со Европската унија и поголема транспарентност

Вицепремиерот Османи вели дека иако новата методологија е построга сепак ќе донесе поголеми бенефити поради отворање на структурните фондови.

Тој ја повика опозицијата до изборите на пролет заеднички да го донесат законот за обвинителство.