Македонија
29. November 2019 - 17:02

СДСМ поднесе барање за автентично толкување во Собранието

Пратеничката група на СДСМ поднесе барање за автентично толкување на чл. 11 од Законот за помилување кој се однесува на правото на претседателот на државата да дава помилувања без одобрение и мислење од посебната комисија.

Со ова, владејачката партија прави обид да го претрка Уставниот суд да го прогласи за неуставно повлекувањето на амнестијата што ја даде претходниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година за осомничени и обвинети во предмети на Специјалното обвинителство.

Од СДСМ бараат парламентот да се изјасни дали Иванов воопшто можел да даде вакви помилувања. Сметаат дека инцијативата пред уставен суд е последен обид на опозицијата да останат неказнети обинетите во случаите на СЈО.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  обивнуваат пак, дека премиерот  Зоран Заев преку Уставниот суд, создава можност по поразот на следните избори да биде аменсестиран за сите коруптивни афери од страна на актулениот претседател.

Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира. Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување.

Опозициката партија засега не се изјаснува по барањето за аветнично толкување.

Од ДУИ пак, велат дека застануваат на страната на правната држава.

Процесот со автентичното толкување може да се одоговлечи токму во законодавно правната комисја која одлучува по барањето. Таму односот власт опозиција е 6 – 6, поради оставката на Весел Мемеди чие место се уште не е пополнето. Но, и ова не значи ништо бидејќи не се знае како ќе постапи Фадил Зендели од Беса.

Костадинов ги повика сите пратеници, па и и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка на автентичното толкување за да покажат дека се на страната на правдата.