Македонија
23. December 2019 - 17:00

Законските измени ја блокираа работата на Собранието

Предизборен хаос во Собранието. Збиени активности, набиени агенди со стоици закони, комсии кои се закажуваат половина час пред да се одржат, почнуваат, па се откажуваат. Со се’ доцни, а одговорноста се префрла на политичкиот противник. Денешната пленарна седница доцнеше дури три часа. Опозицијата обвинува дека власта го искористила Собранието да поднесе стотици закони за неколку дена за предизборно да поентира.

Пратениците на СДСМ пак, велат дека набиената агенда е само поради усогласување на повеќе закони.

Претходно хаос се случуваше и со комисијата за труд и социјална политика на која по неколку натегања на власта и опозцијата помина и покачувањето на пензиите.

И собранискиот спикер во последното свое интервју вели дека парламентот почнал да работи предизборно бидејки датумот за избори, согласно пржинскиот договор, е познат со месеци однапред па партиите и пратениците тоа го користат за свој интерес.