Партиите постигнаа договор, кој ќе биде дел од техничката влада?
Изборите на 12 април стануваат се поизвесни. Исполнет е условот кој деновиве го испорача премиерот Зоран Заев за да не одложат изборите, а тоа е да се донесат, како што рече, суштинските закони.
Собранискиот спикер Талат Џафери објави дека постигнат е договор меѓу власта и опозицијата за 40 законски решенија, главно од социјалната сфера и администрацијата, како што е покачувањерто на пензиите, и покачувањето на платите на административците. Законите ќе бидат гласани на утрешната седница.
Дополнително, Џафери вели дека станува незвозможно изборите да се одложат ако на 3 јануари дефинтивно се избере техничката влада.
И власта и опозицијата потврдуваат дека подготовките за техничка влада течат. Во сабота веќе се најавени лидерските средби Мицкоски – Заев и Мицкоски – Ахмети на кои ќе треба да се утврдат и кадровските промени согласно пржинската влада.
Партиите претходно, ќе ги утврдуваат своите предлози. СДСМ утре вечер најавува Централен одбор за потврда министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде предлог за технички премиер, како и имињата на дополнилтените заменици министри. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ особено за министерските позиции во внатрешни работи, и труд и социјална политика се се уште тајна, но одредените партиски кадри ќе треба да бидат прифатливи за политичкиот противник.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
