Македонија
4. February 2020 - 16:32

Над 50 закони во итна постапка во Собранието пред избори

Околу 50тина закони и тоа најголем дел во скратена постапка стигнаа во Собранието само неколку часа пред денешната закажана седница. Поради тоа наместо во 11 часот, седицата почна со три часа задоцнување.

Опозицијата обвинува за хаос во работата на парламентот  10 дена пред распуштањето на Собранието. Од владејчката СДСМ тврдат дека закoните се во интерес на граѓаните, а предвремените избори само ја забрзале агендата која била палнирана со четири годишната владина програма

Стигнале и закони кои веќа се поднесени во парламентот.

Денешената седица е трета по ред од пред Нова година која е со стотина точки поради тоа што Владата постојано испраќа нови и нови закони. Во целиот собраниски состав во процедура се влезени околу 500-тини закони. Од нив за две ипол години се донесени 300 закони. Само од декември до сега дополнително во парламентот се влезени 200 законски решенија.