Од идната недела европски полицајци на Македонско-Грчката граница
Полицајци од Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија ќе и помгаат на македонската полиција во справувањето со бегалската криза. Пртемиерот Груевски потврди дека со колегите од регионот договор4ил поддршка на терен за македонските безбедносни служби. Изминатите десет дена Груевски разговарал со премиерите на земјите кои се загрозени од бранот бегалци, а од поглемиот дел од нив веќе добил потврда дека ќе испратат полициски службеници на македонската граница.
Доаѓањето на ФРОНТЕКС на грчката граница ќе значи и дополнителна помош за македонската полиција вели Груевски, кој посочува дека досега целосно за безбедноста на јужната граница се грижеле македонските безбедносни служби.
Алојз Петерле во името на ЕУ денеска испрати благодарност до Македонија за доисегашниот ангажман во справување со кризата посочувајки дека таа упатила јасна порака за потребата од обединување.
Македонија се уште ја очекува финансиската пшомош која ЕУ јка најави за земјата. Груесвки денеска посочи дека досега од буџетот се потрошени над 10 милиони евра за бегалската криза, а од унијата се одвонеи само средства за хуманитарните организации.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
