Македонија
7. May 2020 - 21:17

Се одржа гурѓовденската литија во Струга

Со Ѓурѓовденската литија Струга му се поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓеорѓи.

Во свечена поворка со чудотворната икона и моштите на светителот донесени од манастирот во Рајчица беше осветен градот на мостовите. Поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, овој пат Литијата беше составена само со дел од локалното свештенство и монаштво под посебни протоколи на движење пропратена од полицијата .За разлика од изминатите години кога огромен број на верници од другите градови доаѓаа за да бидат дел од верската манифестација годинава изостана масовноста, но сепак стружани распоредени на тротоарите покрај улиците на определено растојание со заштитни маски му оддадоа почит на светителот.

Стружани велат дека овие денови за нив се посебени придржувајќи се на препораките ги поздравија моштите на светителот.