Охрид врши темелна дезинфекција на градот
Бројните посетители кои за продолжениот викенд одмараа во главниот туристички центар си заминаа . Рано утринава колони на возила од сите градови ширум земјава се вратија во своите родни места .По викендот заради заштита од ширењето на коронавирусот се врши интензивна дезинфекција на улиците ,јавните површини и станбените објекти во градот .
Од ЈП Охридски Комуналец велат дека максимално ангажирани на терен се грижат за хигиената која е на задоволително ниво со исклучок на несовесното одлагање на кабаст и градежен шут од страна на граѓани.
Од општинскиот кризен штаб пак најавија дека се работи и на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
