Партиите ставија потпис на кодексот за фер избори, каква кампања не очекува?
Позитивна кампања ветуваат партиите и коалициите што ќе учествуваат на изборите на 15 јули. Тие во Државната изборна комисија потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Најголемите партии повикуваат на изленост на изборите. Од митинзи се откажуваат, но теренски активности за претставување на изборни програми ќе има. Ветуваат дека тоа ќе го прават без да го загрозат здравјето на граѓаните поради пандемијата од КОВИД 19.
Помалите партии реагираа дека не се консултирани за датумот за избори и се сомневаат дека изборниот процес може да ја влоши состојбата со корнавирусот во земјава. Бараат да им се дозволи зголемување на минутажата за нивно претставување во медиумите.
Од ДИК уверуваат дека здравјето на граѓаните е заштитено. Членовите на ДИК на терен ќе ги проверат условите на избрачките места.
Сепак, Деркоски вели дека се уште не е добиен протоколот по кој ќе се гласа на изборниот ден, но и двата дена претходно за лицата кои се во изолација поради вирусот или се хронично болни.
Пред прекинот на изборните дејствија во март, ДИК ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче. Изборната кампања почнува во среда.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
