Македонија
24. July 2020 - 12:32
Охрид прв избор на туристите кои ги користат ваучерите за летување
Хотелите долж охридското езеро најпосетени од граѓаните кои добија ваучери за туризам.Од 15 јули досега искористени се приближно 2 илјади ваучери. Посетителите иако се плашат поради состојбата со коронавирусот сепак се задоволни што можат да летуваат неколку дена на езеро. Најчесто доаѓаат семејства на 3-4 дена но голем дел од нив и доплаќаат за да поминат неколку дена повеќе одмор .
Покрај домашните во Охрид деновиве пристигнаа и првите полски туристи а се очекуваат и други посетители од европските земји.
Агенцијата за подршка и промоција на туризмот очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, бројка во која значителен удел ќе имаат токму ваучерите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
