Македонија
18. August 2020 - 13:38

Започна 10-тиот Фестивал на народна култура „Пображење“

Вевчани вгнездено во подножјето на планината Јабланица ја негува фолклорната традиција и ја збогатува туристичката понуда. Со Вевчанските зурли и тапани и Пејачката група Каданка започна 10-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво ,,Дримкол” од Вевчани. Оваа година поради пандемијата со Корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и се реализира под строги мерки и протоколи.

На анфитеатарот во Вевчани во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица беше отворена изложбата ,,1000 години Бигорски Манастир”. Овој фестивал според градоначалникот Јанкоски ја промовира не само вевчанската туку и македонската култура во светот.

Фестивалот завршува во среда на празникот Преображение Христово со Online фестивалска програма на која ќе учествуваа: културни уметнички друштва од  Вевчани, Битола, Скопје Србија, “Франција, и Мексико. Овој фестивал е автентичен и различен од многу дуги во нашата земја, покрај презентацијата на фолклорот како дел од народната култура од страна на домашни и странски ансамбли, во рамки на фестивалот се одржуваат и етно концерти, работилници, проекции на етнолошки филмови како и учество на ликовни уметници на тема народна култура.