Македонија
5. September 2020 - 19:41

Полициска акција во Прилеп - тројца приведени

Припадници на Одделот за специјални полициски операции како и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Јавното Обвинителство од Прилеп вчера околу 20 часот заплениле 48 килограми дрога, а од слобода се лишени 3 лица од селото Дебреште од Општина Долнени. Во акцијата која се изведувала во близина на новите градски гробишта кај Прилеп прво е уапсен 55 годишниот В.И. од Дебреште кај кого биле пронајдени 15 кг. хашиш и 33 кг. марихуана. Според оперативните сознанија на полицијата В.И. покрај патот Прилеп – Македонски Брод ја подготвувал дрогата за транспорт и од тука требало да ја преземе друго лице. Веднаш потоа се уапсени и другите 2 лица од оваа група 46 годишниот Н.Д и 40 годишниот Е.И.

„По преземени дополнителни мерки и активности во Прилеп е лишено од слобода уште едно лице од село Дебреште, за кое што е утврдено дека е организатор на транспортот на дрогата. Подоцна е приведено и трето лице, кое исто така е жител на село Дебреште. По добиени наредби од Основен суд Прилеп извршени се претресии на 3 локации во село Дебреште и при тоа се одземени две возила, мерцедес и голф кои биле користени за транспорт на дрогата“, истакна Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Приведените денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основен

суд Прилеп и во текот на денот се очекува да се знае каква мерка им биде изречена.

Инаку за само 2 дена ова втора акција на МВР за сузбување на нелегална продажба и трговија на дрога. Вчера беше упасен 53 годишнииот Т.Н. од Прилеп во чиј двор во куќата и во викендицата која се наоѓа во месноста „Кишовица“ беа пронајдени 59 стебла на марихуана. Т.Н. заработи 30 дневен притвор.