Епидемиолозите советуваат за рана вакцинација од сезонски грип
Колку побрзо започне вакцинирањето за сезонскиот грип толку ќе биде подобро, смета епидемиологот од гевгелиската болница Сашко Олумчев. Според него најдобро ќе биде граѓаните да бидат вакцинирани уште во текот на септември. На тој начин, вели Олумчев ќе има доволно време таа вакцина да си го покаже својот ефект и во периодот на грипот симптомите за него да се елиминираат. На тој начин ќе се оставел помал простор за мешање на клиничките слики и полесно препознавање на другите вирози.
Кога ќе дојде сезоната на грип тие симптоми на грипот да ги елиминираме така да имаме полесен простор за манипулација, за препознавање на симптомите на другите вирози, посебно на Ковид 19. Да не ни се јавуваат тие мешани клинички слики кои би можеле да ги збунат лекарите па да настане нешто што не треба да настане или да направиме некој пропуст. Се надевам дека нема да има такви работи, меѓутоа зборот ми е што порано да се вакцинира за сезонски грип би била нај добра опција. Септември би било идеално, доколку е можно тоа.,, вели – Доктор Сашко Олумчев - епидемиолог.
Од нив како епидемиолози било побарано и тие веќе ги доставиле податоците за бројот на вакцини за сезонски кои што ќе им бидат потребни за оваа есен. Во меѓувреме тој апелира до граѓаните да не ги занемаруваат предвидените протоколи и без исклучок да се придржуваат до сите пропишани мерки со цел заштита на личното, но и колективното здравје.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
