Македонија
6. September 2020 - 16:48

Порасна цената на становите во Охрид откако помалку се гради

Коронакризата не го спласна интересот Охрид останува атрактивен за инвестирање во недвижен имот . Со исклучок на карантинот и вонредната состојба има благ пораст во побарувачката но и во цените од 10 до 20 проценти во зависност од локацијата . На охридската ривиера и централното градско подрачје  цените се движат од 1100 до1300 евра за метар квадратен а во  останатите делови од 700 до 800 евра.Најбарани се апартманите од 30 до 40 квадрати кои најчесто се користат за викенд одмор.

Порастот на цените како што вели Спасеска Цветкоска од агенцијата за недвижности се должи на умерениот тренд на градба како резултат на забелешките од страна на Унеско за разлика од минатото кога имаше масовна градба во градот.

Познавачите на пазарот за недвижности велат дека има тренд и за купување куќи во периферијата на градот .И тоа најчесто од страна на македонците но има интерес и од странците кои се поделени во две катерогии на релативно млади кои работат онлајн и пензионери кои се одлучиле остатокот од животот да го поминат покрај брегот на охридското езеро.