Опозицијата бара справување и со „Цареви Кули“ во Струмица
Ако власта е сериозна во борбата со дивоградбите тогаш објектот Цареви Кули во Струмица треба да добие правна разрешница со судење за злоупотреба на службената положба на Заев порачаа денеска преку прес конференција од ВМРО ДПМНЕ. Според портпаролот на партијата Наум Стоилковски дивоградбата Мавровка била исто што и комплексот Цареви Кули во Струмица. Портпаролот на опозициската партија вели комплексот бил изграден многу подоцна по истекот на рокот даден во законот за легализација на дивоградбите и поради тоа случајот требало да има судска разрешница. Стоилковски, Зоран Заев бил човекот што вовел пракса за криминално легализирање на дивоградби.
,,Законот за легализација беше прецизен, услов за нешто да биде предмет за легализација, беше да биде изградено заклучно со 3 март 2011 година.Но, сателитските снимки од 10 март 2011 година, цела недела по истекот на зададениот рок, покажуваат дека од комплексот нема ништо! На документот за легализација, почитувани, стои потписот на Зоран Заев! Вели Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Изгубени во манипулациите, ВМРО-ДПМНЕ не ги знаат ниту законите што сами ги имаат донесено, денес сите се еднакви пред законот, одговорија од СДСМ.
Во писмената реакција стои дека навикнати на беззаконие, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не можат да се помират со тоа што се постапува по закон и се уриваат дивоградби.
,,За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес се постапува неселективно, професионално во спроведување на законите и во интерес на граѓаните.Очајното ВМРО-ДПМНЕ до толку е изгубено во сопствените манипулации што денеска покажа дека не ги познава законите, ниту оние кои самата партија ги има донесено како што е Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Колку и да не му се допаѓа на очајното ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а времето на селективност е минато,,- пишуваат од СДСМ.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
