Македонија
7. September 2020 - 12:38
Хаос во водите на Охридското Езеро – капетанијата бара законски измени
Зголемениот број на пловни објекти наметнува и поголема контрола во водниот сообраќај. Каналот Студенчишта е преполн со закотвени јахти, глисери и чамци. За време на викендите во водите на Охридското Езеро крстарат околу 400 пловила. Од Капетанија на пристаништата најавија дека ќе предложат измени во законот за внатрешна пловидба односно воведување на лиценца за такси чамците, но и критериуми на возраста на оние кои управуваат со пловилата.
Потребата од изградба на марина е неопходна. Од Охридската капетанија велат невозможно е при полнење на пловилата со гориво да нема загадување на езерските води.
Инаку во регистарот на Капетанија на пристаништата има 2400 пловила од кои 8 бродови
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
