Мигрантската криза е заеднички предизвик и одговорот мора да биде заеднички и во духот на солидарноста
620 илјади мигранти во 12 месеци успеале да транзитираат низ Македонија, половината од нив во последните шест месеци. Бројки кои на дело покажуваат колкав е притисокот за земјата која се соочува со најголемата бегалска криза. Милион евра секој месец за вршење на активностите поврзани со оваа криза троши само МВР, а многу поголеми средства вложува државата активирајки ги целосните капацитети. Државното раководство побара поголема поддршка но и реална финансика помош од ЕУ. Хуманитарните предизвици се заеднички исто како што мора да биде и решавањето на кризата.
Ако Европа ги затвори границите земјите од западно балканската рута ќе се претворат во станица за бегалците, а тоа многу лесно може да го запали фитилот за дестабилизација на регионот.
Освен за хуманоста мора да се зборува и за безбеноста порачаа присутните на денешната регионалана конференција по повод меѓународниот ден на мигрантите. Државата мора да се грижи за своите граѓани, но и да им обезбеди хумани услови за транзит на оние кои бегаат од воените зони.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
